СДСМ и градоначалникот Стојаноски создадоа колапс во образованието, рече на денешната прес конференција Дејан Шикоски, советник во Советот на општина Охрид.

– Веќе трета недела учениците уште не ги добиле учебниците по сите предмети, а од бесплатниот превоз ни трага ни глас. Проектот за рано изучување на јазикот во три училишта во Македонија, каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик, се укинува во ОУ „Григор Прличев“, едно од трите училишта, само затоа што Директорот не го продолжува. Ако знаеме дека Советот на Европа бара наставата по странски јазици да започне што е можно порано, тогаш зошто Директорот ги укинува овие паралелки?, праша Шикоски

Тој праша што ќе се случи со сертификатите на ученците коишто треба да ги добијат?

Пратеничката Жаклина Лазаревска како застапник на граѓаните во Собранието наместо да застане во интерес на учениците и образованието директно преку Министерството за образование и наука таа го промовира капитулантскиот договор за промена на името. Ништо од ветените реформи во образованието, ништо од европските прнципи за квалитетно образование. Во ниедно училиште не се изврши реконструкција на училишната зграда, кров, реновирање на тоалети и санитарни јазли. Извршена ли е дезинфекција, дератизација и дезинсекција, за да создадете оптимални услови за почеток на новата учебна година? СДСМ да престане да укинува мерки кои се во интерес на учениците, рече Шикоски.

OhridNews