Доколку Груевски не сака да замине цивилизирано, ќе замине на друг начин, изјави портпаролот на опозциската СДСМ Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање поставено на прес конференцијата одржана вчера во Скопје, а кое се однесуваше на продолжување на политичките преговори со владејачката ВМРО ДПМНЕ.

-Да не се добие погрешен впечаток. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не инсистира на преговори. СДСМ евентуалните преговори ги гледа како последна шанса Никола Груевски цивилизирано да замине од функцијата која што ја обавува и последна шанса Република Македонија цивилизирано да ја промени својата власт. Доколку Никола Груевски не сака да замине вака, ќе замине на друг начин.-рече Шилегов.

Инаку, Шилегов на прес конференцијата ја обвини влaста дека со кампањи финансирани со народни пари ја контролира уредувачката политика на националните телевизии Сител, Алфа и Канал 5. Тој презентираше податоцит, според кои, овие телевизии, како и неколку маркетинг агенции фирми блиски до власта непосредно пред парламентарните избори добиле 2 милиони евра за кампања, во која, како што рече Шилегов, опозцијата била напаѓана, а власта поддржувана. Одговарајќи на новинарско прашање како СДСМ планира да се справи со корупцијата во медиумите, Шилегов рече дека треба законски да се забрани рекламирање на владата во комерцијалните медиуми со буџетски средства.

OhridNews