СДСМ на прес конференција што ја одржа партискиот портпарол и пратеник Петре Шилегов најави дека е поднесена иницијатива до службите н Собранието за избор на спикер. Иницијативата е со поддршка од 20 пратеници, а предлогот е Талат Џафери, истакнаШилегов.
Ваквиот развој на настаните доаѓа откако пратениците на ВМРО ДПМНЕ со долги расправи и меѓусебни реплики го одолговлекуваат изборот на претседател на Комисијата за избори и именувања кој е нивни предлог.
– Согласно одредбите од Деловникот веќе поднесовме барање за избор на претседател на Собранието со поддршка од 20 пратеници. Дискусијата по оваа точка станува безпредметна бидејќи и комисијата и не мора да се избере, треба веднаш да се прејде на избор на претседател на Собранието. – реше Шилегов.
Што значи тоа за оваа седница и како таа ќе продолжи натаму Шилегов истакна дека надвор од секоја логика е ВМРО ДПМНЕ да го блокира изборот на својот кандидат.
– Очигледен е стравот од одговорноста. Надвор од секоја логика ВМРО ДПМНЕ побара мнозинство во комисијата и доби. Надвор од секоја пракса и логика ВМРО ДПМНЕ побара претседател на таа комисија да биде Илија Димовски и сега ВМРО ДПМНЕ го блокира изборот токму на Илија Димовски за претседател на таа комисија со неделовничко однесување и реплицирање самите на себе. Тоа доволно зборува колкав е стравот и очајот во којшто се наоѓа Никола Груевски и криминалното раководство во обид да избегаат од одговорноста којашто неминовно им следи. – рече Шилегов.
OhridNews