Репрезентативецот на Колумбија, Радамел Фалкао до сега на Олд Трафорд не го покажа својот голгетерски асортиман постигнувајќи само четири погодоци во 20 одиграни натпревари за „црвените ѓаволи“.


Според англиската легенда Алан Ширер проблемот не е само кај фудбалерот туку и кај менаџерскиот тандем Луис ван Гал – Рајан Гигс.

– Фалкао не ја добива потребната помош која е неопходна за еден врвен голгетер од Ван Гал и Гигс. До сега немам видено еден од нив двајца да разговара со него среде натпревари и да му сугерира како да одигра. Тој со својата мека игра му ја олеснува работата на дефанзивците во Премиер лигата кои се вистински борци за секоја топка. – рече поранешниот член на Блекбурн и Њукасл.

Фалкаo на Олд Трафорд пристигна од Монако на позајмица, а на крајот од сезоната токму Ван Гал ќе одлучува за неговата иднина во Манчестер.

Мх.П.