Во рамки на одбележувањето на Неделата на животната средина, Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со Нуркачкиот центар „Амфора“, денес, кај населбата Трпејца организира акција за чистење на цврст отпад од дното на Охридското Езеро.

При тоа, од езерото беше извадена голема количина цврст отпад, од кој најголем дел стаклени шишиња, конзерви, градежен шут и предмети од домаќинство.

Поради подигање на јавната свест кај населението, беа поделени и флаери.

OhridNews