Рускиот интернационалец Данил Шишкарев и ракометниот клуб Вардар ја продолжија соработката и десното крило во „Јане Сандански“ ќе остана уште една сезона.
Шишкарев во пролетниот дел од сезоната влезе во топ форма и блескаше на мечевите со Фленсбург кој „црвено црните“ ги добија и изборија пласман на завршницата од Лигата на Шампиони во Келн.
Претходно екипата од „Јане Сандански“ договорите ги продолжи со Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ и Вуко Борозен, додека од тимот заминува Алекс Душабајев кој ќе премине во составот на Киелце.
OhridNews