На третиот по ред Куп на Македонија во гаѓање со стандардна воздушна пушка што се одржа во Штип на 20 и 21.04.2013 година, Шишкоски и Балабан неприкосновено најдобри во својата категорија.
Шишкоски на првата позиција се пласираше во севкупен пласман пушка мажи со резултат од 493,3 круга третото место во севкупен пласман му припадна на Кирил Миленкоски од СК ,,Охрид,, со 564 круга, односно во категорија на јуниори второто место. На петтата позиција заврши Гоџоски Мартин во секупен пласман со резултат од 554,7 круга односно на четвртата позиција во јуниорска категорија. Попоски Васко се пласира на седмата позиција со резултат од 545,9 кругови.
Прво место со резултат од 398,7 кругови и во севкупен пласман и во категорија на јуниорки Ангела Алексовска се пласира на третата позиција и во севкупен пласман и во јуниорска категорија со резултат од 378,9 Гоџоска Верица заврши како четвртопласирана во двете категории со резултат од 374 круга.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com