Четворица стрелци од стрелалачкиот клуб “Охрид“ , настапија на седмиот по ред Куп со воздушно оружје-меѓународна програма што викендов се одржа во Прилеп.


Михаил Шишкоски ја потврди добрата форма погодувајќи 573 кругови кои беа доволни за пласман на првото место. Шишкоски трет пат во серија постигнува резултат кој е над минималната олимписка норма. Горан Здравески со погододени 561 круг заврши на третото место, додека Гоце Цветкоски финишираше како седми.

Нина Балабан во конкуренција на јуниорки се пласираше на 2 место со погодени 377 круга, зад Елена Апостолоска која погоди 384 круга. Резултатот на Балабан е повторно над минималната олимписка норма.

Од охридскиот клуб очекуваат по серијата добри резултати нивните најдобри стрелци да се најдат на списокот на селекторот , како и на листата патници за наредната Олимпијада.

М.П.