Охриѓанецот Михаил Шишкоски(неодамна прогласен за спортист на Охрид за 2011 г) го освои првото место на традиционалниот меѓународен натпревар во гаѓање со воздушна пушка-меѓународна програма кој се одржа во Врање, Р.Србија.
– Задоволството е уште поголемо бидејки стрелците од Србија се воедно и репрезентативци, кои настапуваат на сите евопски, светски првенства како и Олимпијадата во Лондон. Ова е само уште доказ дека и охридските стрелци можат рамо до рамо да се натпреваруваат и со останатите професионални стрелци во светот – велат од охридскиот клуб.
Нина Балабан и Верица Годзоска ја потврдија одличната форма погстигнувајќи резултати од 381 и 372 кругови. Тројца се членови на македонската репрезентација и од клубот сметаат доколку им се укаже мозност да настапат на престојните ЕЦХ во Виерумаеки-Финска, Минхен и Милано, може да ја исполнат минималната олимписка норма, која би ги направила потенцијални кандидати за Олимпијадата во Лондон.
– Останува на градот и дрзавата да најдат средства и да им овозможат настап на овие заслужни стрелци – велат охриѓани.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com