Амбиции на тетовска Шкендија во фудбалска Европа претрпеа голем удар после не очекуваната елиминација од Номе Калју во првата рунда од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони. Но, Шкендија мора и треба да продолжи напред односно во Лигата на Европа.

Македонскиот шампион ќе се приклучи во втората рунда од квалификациите, а силите ќе ги одмери со Дуденланж, кој исто така доживеа елиминација во ЛШ. „Црвено црните“ најавуваа долго европско лето во ЛШ и напад на главната фаза по групи, но ништо од тоа не се оствари лизнувајќи се уште на првата пречка.

Шанса и место за поправен има, но Шкендија треба да извлече голема поука од поразот и елиминацијата, да не се случи истата приказна и во Лигата на Европа.

Првиот меч се игра во нашата земја, додека реваншот на теренот од противникот во Луксембург.

OhridNews

 

ЛШ: Номе Калју ја емилинираше Шкендија! (видео)