Фудбалерите на Шкендија завршија со своите настапи во фудбалска Европа, откако на домашен терен во реванш мечот во плејофот за пласман во Лигата на Европа не успеаја да ја надохнадат негативата од првиот натпревар. Розенборг не само што ја задржа предноста, туку ја зголеми со победа 2-0 за вкупен исход (5-1).

Тетовските „црвено црни“ иако добро започнаа не ја исполнаа зацртаната цел да постигнат погодок во првото полувреме. Најблиску беа во 20-та минута, но Бесарт Ибраими не го претвори во погодокот ударот од белата точка.

Besart Ibraimi nuk arrin të shënojë golin e epërsisë nga pika e bardhë ndaj Rosenborgut

Geplaatst door Tv Shenja op Donderdag 30 augustus 2018

Шкендија не го промени стилот на игра на стартот од вториот дел и продолжи да го напаѓа голот на Розенборг. Пулените на Ќатип Османи повторно имаа шанса за погодок од белата точка, но непрецизен овој пат беше Изаир Емини.

Pas Besart Ibraimit edhe Izair Emini nuk shënon nga pika e bardhë. Rezultati momental pas 52 minutave 0:0.

Geplaatst door Tv Shenja op Donderdag 30 augustus 2018

Суровата казна за неискористените пенали и дузина шанси стигна во 67-та минута кога Розенборг преку Евен Ховланд поведе со 1-0.

 

До крајот на мечот тетовчани нападнаа со сите сили, но гостите со уште еден погодок во мрежата на Захов ја запечатијата победата и пласманот во фазата по групи во ЛЕ. Минатата сезона македонскиот фудбал во името на Вардар имаше свој преставник во групите, а сезонава Шкендија не успеа за еден чекор.

Фото: Гол.мк
OhridNews