Тетовска Шкендија е новиот првак во македонскиот фудбалски шампионат. “Црвено-црните“ до титулата стигнаа на две кола пред крајот откако со 2-1 го победија Работнички, и имаат недостижни плус единаесет пред второпласираниот Металург кој ремизираше 0-0 со Ренова.


За Шкендија ова е прв наслов во својата клупска историја, тимот во 31 коло забележа 21 победа, седум пати ремизираше и претпре само три порази. 

– Комбинаторната игра за доаѓање до голот е главниот начин на кој Шкендија настапуваше. Играчите ги прифаќаа моите идеи да се гради играта во текот на натпреварот и тимот да се избори за победа на секој натпревар. Младите фудбалери ги слушаа постарите како се работи. Прифаќаа совети. Кога имаш здрави фудбалери, концентрирани само кон играта, успехот е неизоставен – вели тренерот Османи.


Шкендија е осмиот македонски шампион. Најтрофеен е Вардар со пет титули. Следуваат Силекс , Слога Ј, и Работнички со по три, Победа има два наслова, додека Ренова и Македонија ЃП по еден.

М.П.