Кически Напредок беше лесен залак за водечката Шкендија која по триумфот од 4-1 се издвои на плус седум на врвот на прволигашката табела. И најмалата неизвеснот  околу конечниот победник беше симната по половина час игра кога еднаш Сали а еднаш Ниуху  лесно минаа низ порозната одбрана на Напредок и погодија за убедлива предност од 2-0.


На стартот на вториот дел, по асистенцијата на најдобриот играч на теренот Феркан Хасани, Алиу се запиша во листата на стрелци, додека и самиот Хасани во финишот од мечот, по поклон пеналот погоди за 4-0. Почесниот погодок за гостите неколку минути подоцна исто така од пенал го постигна Куштрим Балажи.


–    Имаме историска шанса која не смее да ја пропуштиме. Во последните четири меча, три пати играме дома, рачунајќи го и мечот со Ренова каде сме условно кажано гости. Очекуваме титулата да ја осигураме порано, а за мечот со Металург во последното коло на стадионот да присутвуваат околу 15 илјади гледачи – коментиrаат најзагреаните навивачи на Шкендија, кои велат дека уште од сега се подготвуваат за квалификацискиот меч во Лигата на Шампиони.


На четири кола пред крајот водечката Шкендија има седум плус пред финалистот во купот Металруг, кој е единствениот кој може да ги замрси сметките на тетовци. На три од последните четири натпревари Шкендија игра дома, а за титулата да ја осигураат математички потребни им се уште пет бода.

Ohridnews