Во зимскиот преоден рок екипата на Пелистер може да остане без најдобриот фудбалер Стенио Жуниор, за кој интерес пројави тетовска Шкендија пренесува „Македонски Спорт“.

Сумата која управата на Шкендија ќе ја плати за евентуален ангажман на Жуниор е 100 000 евра што ќе преставува рекорден трансфер во Првата македонска фудбалска лига.
Пелистер првата полусезона ја заврши на третата позиција со исто бодови како второпласираниот Вардар и есенскиот првак Хоризон Турново.
Мх.П.










