Тетовска Шкендија останува единствен преставник на Македонија во квалификациите за пласман во Лигата, откако Работнички доживеа елиминација.
„Црвено црните“ во втората квалификациска рунда го елиминираа тимот на Хелсинки со вкупен резултат (4-2), додека „романтичарите“ со вкупни (4-1) отпаднаа од Динамо Минск.
Шкендија на гостувањето во Финска ремизирајќи 1-1 ја задржаа предноста (3-1) од првиот натпревар. Работнички, пак, изгуби 3-0 на гостувањето во Минск и ремито (1-1) од првиот меч се покажа недоволно за пласман понатаму.
Тетовчани во третата рунда ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу шведски преставник Норчепинг и литванскиот состав на Тракаи.
Шкендија македонското друштво може да добие во 4-та и последна рунда за пласман во групната фаза во Лигата на Европа ако Вардар не го успее да го мине Копенхаген во 3-та рунда во квалификациите за ЛШ.
OhridNews