Второпласираната екипа на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија го промовираше Томас Брдариќ за нов тренер.
Германецот со хрватски корени зад себе има големо играчко искуство настапувајќи го бундеслигашките екипи, Штудгарт, Баер Леверкузен, Хановер и Волфзбург.
– Водењето на Шкендија за мене преставува голем предзвик, затоа и прифатив. Јас ќе дадам се од себе, а очекувам истото да го прават и играчите и со тоа да им се оддолжиме на спонзорите кои силно веруваат во екипата. – рече Брдариќ.
Новиот стратег на тетовски „црвено црни“ ќе нема ниту малку лесна задача, бидејќи ќе треба да го симне Вардар од врвот во македонскиот фудбал.
OhridNews