Фудбалскиот сојуз на Шкотска му врачи отказ на селекторот Крег Левејн. Со тоа тој стана првиот тренер од А квалификациската група кој остана без работа.

Левејн на клупата на Шкотска дојде во декември 2009 година, на мундијалскиот циклус четири пати ја водеше репрезентацијата забележувајќи две ремија и два порази. Покрај ремито без голови против Србија, “шкотите“ ремзираа со Македонија во Глазгов со 1-1.

Најголем фаворит за негов наследник е Гордон Страхан , а се споменува и името на Алекс Меклиш.

Ohridnews