Напаѓачот на Шкотска, Кени Милер истакна дека мечот со Македонија е “да се биде или не“ за неговата селекција.
– Мораме да победиме, мораме да постигнеме погодок бидејќи тие носат победи. Против Србија одигравме добро но не успеавме да постигнеме гол. Многу сме разочарани по ремито без голови со Србија, така да Македонија ни е шанса да се вратиме на победничките патеки – посочи Кени Милер.
Македонскиот селектор Чедомир Јаневски, на располагање ќе го нема фудбалерот на Вардар, Стјепановиќ додека младинскиот репрезентативец Ѓоргиев остана со селекцијата, а ќе се приклучи и Шумуликоски кој ја одлежа суспензијата од минатогодишниот циклус.
Дуелот на “Хемпден парк“ помеѓу Македонија и Шкотска е закажан за 21 часот.