Чуварот на мрежата на Лестер, Каспер Шмајхел застана во одбрана на својот колега од Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа кој има благ пад во формата. Шмајхел рече дека луѓето лесно се осудуваат на критика иако не знаат како е и колку е тешко да се биде голман.

Голманите секогаш се гледаат под посебна лупа. Неприфатлив е начинон на кој моментално се однесуваат луѓето кон Де Хеа. Односот е премногу остар, но за мене е најважно неговата реакција. Мислам дека ќе се износи со притисокот бидејќи се работи за добар и квалитетен голман. – изјави данскиот голман.

Шмајхел и Де Хеа ќе имаат средба в недела на „Кинг Пауер“ стадионот во рамките од последната рунда во Премиер лигата. Дерби дуелот помеѓу Лестер и Манчестер Јунајтед одлучува која екипа ќе игра во Лигата на Шампиони.

OhridNews