На премиерата од Европското Првенство Полска не ја искористи предноста и пред своите гледачи ремизираше со репрезентацијата со Грција играјќи 1-1. Полјаците имаа предност од 17-та минута кога Левандовски со глава стрелаше прецизно. Конечните 1-1 на мечот ги постави Салпигидис во 51-та минута.

 

– Можам слободно да кажам дека сум задоволен и среќен со ремито. Направивме премногу грешки но противникот само еднаш не казна. Моите фудбалери беа под многу голем притисок. Тоа го забележав на почетокот и на полувремето од натпреварот. Јас сеуште верувам во мојата селекција и се надевам на посреќни моменти на вториот натпревар од групата против Русија – истакна селекторот на Полска, Шмуда.


Во втората рунда од Групата А домаќинот Полска ќе се сретне со Русија која вечерва против Чешка го игра првиот натпревар од ЕП.

Мх.П.