Шок и неверување кај блиските на загинатите во страотната несреќа кај Кавала
16.07.12 15:02
Роднините со неверување ја примија веста за тешката сообраќајна несреќа, што вчера се случи во Грција, во која животот го загубија четворица членови на семејството Шемо од Струга.
Ги затекнавме пред домот на загинатите во центарот на градот, скршени од болка. Ни кажаа дека загинатите биле добри и чесни луѓе. За време на кобното патување постојано биле во контакт со роднините, а последен пат се слушнале со нив час и половина пред тешката сообраќајна несреќа во која загинаа мајка, син, ќерка и малолетно внуче, а уште пет лица беа повредени.
-Се враќаа од свадба во Турција, каде заминаа пред три дена. На влез во Грција се случи голема несреќа, но не знаеме што ја предизвикало, изјави Зекир Јусуф – роднина на загинатите.
Веднаш по несреќата дел од роднините заминале во Кавала Грција, каде се хоспитализирани преживеаните. Таму од вчера е и претставник на Македонскиот козулат. Оттаму информираат дека се преземаат сите потребни активности за помош на повредените и пренесување на телата на загинатите во Македонија. Според процедурата врз починатите треба да се изврши обдукција, што малку ја компликува ситуацијата бидејќи се работи за муслимански верници, па се чека согласност од роднините за овој дел од протоколот и начинот на транспорт во Струга. Исто така бил ангажиран и адвокат за возачот на комбето, кој треба да даде изјава пред грчките истражни органи, која треба да ги расветли причините за големата трагедија.
Семејството Шемо е меѓу најугледните во Струга. Сограѓаните велат дека се големи еснафи и успешни деловни луѓе. Нивните дуќани во центарот на градот денеска не работеа. Струшката јавност е потресена од големата трагедија, кометирајќи дека ова лето во градот на Дрим, како никогаш порано, се случиле голем број немили настани.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуи...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пси...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.