Изненадувачката победа на Каљари против Рома на Олимпико го најави “лудото“ 23-то коло во Серија А. На триумф против далеку поквалитетни екипи се радуваа Џенова и Сиена кои ги совладаа Лацио (3-2) односни Интер 3-1.


Јувентус на гостувањето во Верона не дозволи никакво изненадување и со 2-1 ги скроти “летечките магариња“. 23-та рунда од Серија А ќе ја комплетира дуелот помеѓу Милан и Удинезе, а во центар на вниманието ќе биде новата аквизиција на “росонерите“ Марио Балотели.

Резултати : Киево – Јувентус 1-2, Фиорентина – Парма 2-0, Џенова – Лацио 3-2, Сиена – Интер 3-1, Палермо – Аталанта 1-2, Пескара – Болоња 2-3, Милан – Удинезе 2-1

Табела : Јувентус 52, Наполи 49, Лацио 43, Интер 40, Милан 40. . .

Мх.П.