По веста дека најдобриот фудбалер на Египет Мохамед Салах ја напушти репрезентацијата незадоволен од односот на Сојузот, како и од условите и атмосферата во тимот, што вечерва ја пренесоа светските медиуми, ѕвездата на Ливерпул се огласи со смирувачка реакција на социјалните мрежи.

-Се е во ред. Атмосферата во репрезентацијата е одлична. – напиша Салах, демантирајќи ги гласините дека го напушта националниот тим.

Претходно медиумите пренесоа дека Салах влегол во конфликт со националниот фудбалски сојуз околу случувањата  во репрезентацијата.

Салах наводно бил лут бидејќи за време на подготовките репрезентацијата немала мир, а во кампот на Египет постојано доаѓале некакви гости меѓу кои и бизнисмени и селебрити ѕвезди, што негативно се одразило на настапите на Мундијалот каде ‘фараоните’ претрпеа два порази од Уругвај и Русија по што ги загубија шансите за пласман во наредната рунда .

OhridNews