Кошаркарите на Колибри извојуваа шокатна победа со 65-59 (13-17, 15-7, 11-13, 26-22) над екипата на  Илинден во борбата за третата позиција во третата кошаркаска лига.

Гостите одлично го започнаа мечот, и по првите 10 миниту имаа предност од четири поени. Во втората четвртина “белите“ се консолидираа во одбраната и нападот. Таквата игра веднаш се одрази на резултатот, со серија од 10-2 на одмор заминаа со плус четири.

Грешките од првиот дел “колибрите“ ги повторија во третиот период, постигнувајќи само 11 поени за десет минути. Илинден ја искористи конфузната игра и во последниот периот од мечот влегоа со минус два.

Вистинска драма се случуваше во последниот квартал. Кошаркарите на гостите беа решени да им ги замрсат сметките за третата позиција на охриѓани. Со неколку погодени обиди за тројка стигнаа до “егал“.

Охриѓани бодрени од малубројната домашна публика, смогнаа сили и во последната минута од мечот го решија победникот. Со оваа победа избраниците на Балазоска, широко ги отворија вратите за бараж средба која ќе ги одведе во втората лига.

Мх.П.