Македонската женска кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа на  европскиот шампионат откако со 41-39 ја совлада Австрија.

Македонија беше на работ на амбисот, имаше предност од плус десет 34-24 по трите периоди игра, но во последниот квартал немавме игра во напад и по девет минути игра постигнавме само четири поени и во последната минута влеговме со негатива од еден поен.


Прецизна од линијата за слободи фрлања беше Раденковиќ која не одведе на плус еден. Последниот напад го имаа “црвените“ но Тантуровска ја украде топката и над неа беше направен прекршок, погоди само еднаш од линијата што беше доволно за победа и пласман на првата позиција на табелата.

Македонија : Удовалиева 2, Тантуровска 2,
Секулоска, Гаврилоска 10, Димовска 7, Живковиќ , Раденковиќ 6,
Митрашиновиќ 2, Муса11, Агиќ, Иванова,Решкоска.

Во последната рунда Македонија игра против Велс.

М.П.