Шведскиот голгетер во дресот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја одбележа првата ноќ на реномираниот италијански фестивал Сан Ремо каде е почесен гостин. Ибрахимовиќ на сцената пречекан беше со песната „Утро е“ од Нада Топчагиќ со која го прослави голгетерското достигнување во професионалната кариера.

Ибрахимовиќ со шоуто продолжи на подиумот кога рече дека за него претставува чест што е гостин на Сан Реми, но и фестивалот има чест што е тој гостин. Швеѓанецот подоцна рече дека ќе биде скратен ростерот на пејачи од 27 на 22, а тие пет што ќе отпаднат да бидат испратени во Ливерпул, бидејќи клубот од „Енфилд“ мака мачи со повредени фудбалери.

OhridNews