Македонија претпре пораз со 92-80 во полуфиналето од Шпанија и во недела ќе се бори за бронзениот медал. Македонската одбрана немаше решение за одличниот Хуан Карлос Наваро кој уфрли  35 поени.

Капитенот на шпанската репрезентација експлодираше во второто полувреме кога постигна 19 од негоивте 35 поени.Популарниот “Ла Бомба“ ги излудуваше македонските навивачи со поените постигнувајќи ги од различни позиции во навидум без излезни ситауции. Дабл-дабл учинок имаа браќата Гасол кој мечот го завршија, По со 22 п и 17скока, додека Марк имаше 11 поени и 10 скока.


Натурализираниот македонец Лестер Бо Меккејлеб уфрли 25 поени, Антиќ мечот го заврши со 17п и 9 скока, Илиевски 15 п , додека Самарџиски застана на 12 поени.

Македонија за бронзениот медал ќе игра со поразениот од мечот Русија – Франција.

М.П.