Шпанскиот стручњак Раул Гонзалес Гутиерез својот сонародник Роберто Гарсија Парондо го назначи за помошник во македонската ракометна репрезентација.


Некогашниот соиграч на Кирил Лазаров од тимот на Суидат Реал ќе дебитира во тренерските води, бидејќи до сега нема искуство покрај аут линијата.

Новиот член во стручниот штаб треба да биде од голема помош за селекторот на Македонија кој напоредно работи и Вардар кој се соочува со најголемиот предизвик во Лигата на Шампиони.

Следната недела односно на 4 мај Македонија на домашен терен игра натпревар со Исланд во рамките од третата рунда во квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска.

По два одиграни мечеви „црвено жолтите“ имаат половичен скор од победа и пораз и ја делат втората позиција со селекцијата на Чешка. 

OhridNews