Група охридски гимназијалци беа гости на училиштето „Габриел Галан“ од Монтехермосо, кое се наоѓа во областа Екстремадура, регион во внатрешноста на Шпанија од западната страна на граница со Португалија.

Учениците Емилија Андонова, Љубица Јованоска, Катерина Маневска и Димитар Назифовски, во придружба на проект менаџерот, психолог Алберта Гулицовска и проф. Јасминка Иваноска се запознаа со регионот кој важи за најсиромашен во Шпанија, но изобилува со богатства во поглед на историја, традиција, гастрономија и еколошки чиста средина.

Учениците и наставниците имаа можност да вкусат од традиционалната храна која е специфична за регионот, а со дел од традицијата се запознаа преку присуство на локалниот карневал со пагански елементи испреплетени со религиски. Во рамки на карневалот на интернационална работилница за изработка на карневалски капи, учениците се дружеа со средношколци од останатите пет земји, а со дел од нив ги продлабочија пријателствата создадени за време на нивниот престој во Охрид, велат од Охриската гимназија

Учениците ги посетиле и најзначајните археолошки локалитети во областа Мерида, како и во Мадрид.

Посетата е реализирана во рамки на проектот ECHOSET на охридската гимназија за културно наследство на малите европски градови во рамки на програмата Ерасмус+.

 

OhridNews