Репрезентацијата на Шпанија убедливо ја совлада Хрватска во натпреварот за трето место на Европското првенство во Словенија. Фуријата славеше со 92:66.
Последен пат на пиедесталот Хрватска беше пред 18 години, но моќната Шпанија беше пресилен противник за „коцкестите“ кои останаа без медал. Мала утеха им е тоа што директно обезбедија пласман на Светското првенство догодина, чиј домаќин е токму Шпанија.
Европското првенство завршува вечерва со финалниот натпревар од 21 часот, во кој се среќаваат Литванија и Франција.
OhridNews