


Но дефанзивно ориентираните холанѓани повторно ја имаа шансата на мечот кога по втор пат на натпреварот Робен преку контранапад изби сам пред Касиљас, но и овој пат не ја погоди целта. На спротивната страна таква прилика имаше Фабрегас, потоа и Иниеста но мрежите се уште мируваа.

По 90 минути без гол, актуелните европски прваци притснаа во продолжението. На стартот на второто продолжение, Дел Боске го повлече последниот потег кога во игра го уфрли, златното момче од Виена, Фернандо Торес.

Дополнителни проблеми за одбраната на Ван Мервијк беше и исклучувањето на Хејтинга поради два жолти картони. По неговото исклучување се играше на половината на Холандија, а стрпливата игра на маестралниот среден ред на “фуријата“ во 116 минута и створи златна прилика. Фабрегас го проигрува Иниеста, кој не промашува, ја тресе мрежата на лалиња и светот се обојува во црвено.

На европската, Шпанија ја придодаде и светската круна









