Репрезентациите на Шпанија и Данска ќе играат во финалето на Светското првенство во ракомет што се игра во Шпанија.


Домаќинот Шпанија до финалето стигна откако го совлада најпријатното изненадување на шампионатот Словенија со 26-22.


Европскиот првак Данска ќе има можност да ги обедини титулите по триумфот над Хрватска во полуфиналето со 30-24.

Новиот светски првак ќе биде познат по финалето Шпанија – Данска кое се игра во недела во 17 часот, додека дена порано во малото финале во борба за бронзениот медал ќе се сретнат Хрватска и Словенија.

Мх.П.