Финалната пресметка помеѓу Шпанија и Италија е 21 нивни меѓусебен натпревар. Италија победила 10 пати, Шпанија осум, а 12 натпревари завршиле без победник.
– Италија нема пораз од Шпанија на големо првенство. На седумте одиграни меча три пати славеле италијанита, додека четири натпревари завршиле нерешено. Нивниот последен дуел од четвртфиналето на ЕУРО 2008 во Австрија и Швајцарија кој заврши 0:0 по 120 минути, го добија шпанците на пенали со 4:2.
– На двата меча на кои Чезаре Прандели ја предводел Италија против Шпанија нема пораз. Италија победи со 2:1 на пријателскиот натпревар во август 2011, додека на воведниот меч од Ц групата ремизираа 1:1.
– Италија и Шпанија упатиле најмногу удари кон противнички гол на ЕУРО 2012. Италија 99, а Шпанија 86.
– Репрезентацијата на Шпанија има шанса да биде првата која ја одбранила европската титула.
– Шпанија е непоразена на последните 19 официјални натпревари по поразот од Швајцарија на СП 2010.
– Со само еден примен гол, шпанската репрезентација ја има најдобрата одбрана на ЕУРО 2012.
– Шпанија нема примено гол цели 900 минути на натпревари од нокаут фазата на големите првенства.
– Шпанија на ЕУРО 2012 дозволи само 12 удари во рамките на нивниот гол, а шест од нив беа токму на натпреварот од групната фаза против Италија.
– Ова ќе биде деветто финале за Италија на големо натпреварување (три на Европско и шест на Светско првенство), од кои освоиле пет.
– Италија е единствената репрезентација на ЕУРО 2012 што не дозволила противникот да биде во водство.
– Репрезентативците на Италија заработија најмногу картони на ЕУРО 2012 – 15. Шпанците добија 10.
– Италија е непоразена на 15 официјални натпревари под водство на Чезаре Прандели (10 победи и пет нерешени).
– Марио Балотели има упатено 14 удари во рамките на противничкиот гол. На петте меча постигна три гола и е на делба на листата на стрелци.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com