Репрезентацијата на актуелниот европски шампион Шпанија е првиот полуфиналист на континенталното кошаркарско првенство што се одржува во Словенија.
Шпанија попладнево ја декласира репрезентацијата на Србија совладувајќи ја со 90:60.
Во полуфиналето Шпанија ќе се сретне со подобриот од дуелот Словенија – Франција, што се игра вечерва.
Преостанатите две четвртфинални средби се играат утре, а се среќаваат Хрватска – Украина и Литванија – Италија.
OhridNews