Селекцијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство откако во 1/2 финалето ја совладаа Португалија на пенали 4-2. “Црвената фурија“ ќе има можност да ја одбрани титулата освоена пред четири години на ЕП против Германија во финалето.


Без голови и без победник завршија регуларните деведесет минути. Резултатот не се промени во продолженијата од 1/2 финалниот дуел и финалистот се одреди по изведувањето на пеналите.


Во првата серија погрешија Чаби Алонсо и Жоао Мутињо. Втората со погодок ја отвори Иниеста, за “селесао“ возврати Пепе. Пике и Нани беа прецизни во третата.

Во четвртата серија товарот падна на Рамос кој со пенал ала Пирло, донесе предност. Клучниот пенал го промаши Бруно Алвес откако неговиот удар заврши во пречката. Во петтата серија Фабрегас со помош од стативата ја погоди целта и ја лансираше “црвената фурија“ во финалето од ЕП.

Шпанија во финалето кое ќе се одигра во Киев ќе се сретне со победникот од полуфиналниот дуел помеѓу Италија – Германија.

Мх.П.