Шпанскиот тенисер Енрике Лопес Перес заработи суспензија од осум години поради местење на натпревари, соопшти денеска тениската единица за интегритет.

Покрај осумгодишната забрана за натпреварување, Шпанецот доби забрана за тренирање на официјални тениски терени и присуство на мечевите од „белиот спорт“. Дополнителна казна е финансиската која изнесува 25 000 долари.

Лопес Перес имал три фази на местење на своите натпревари и сите се одвивале во 2017 година. 29-годишниот тенисер се збогатил, а успеал и да оствари добар пласман, завршувајќи 2018 година како 154 тенисер во светот.

Тениската единица за чување на интегритетот годинава на тенисер од Египет му изрече доживатна забрана за натпреварување. Египетскиот тенисер беше замешан во 21 натпревар.

OhridNews