Кошаркарската репрезентација која на евробаскетот во Словенија ќе ја брани титулата, се соочува со сериозни проблеми во пресрет на континеталното првенство.


Шпанците на Евробаскетот би можеле да настапат без комплетната центарска линија која го изнесе товарот на ЕП во Литванија во 2011 година, како и на Олимписките игри во Лондон една година подоцна.

Најдобриот шпански играч Пау Гасол веќе го откажа настапот на ЕП, додека неизвесен е настапот на неговиот брат Марк Гасол, како и на Серж Ибака.

Центарот на Оклахома, Ибака, за „Tubasket“, рекол дека поради заморот, сеуште не одлучил дали ќе игра во Словенија.

Доколку Ибака не биде подготвен, тогаш се отвора можноста за Шпанија да настапи Никола Миротиќ, бидејќи според постоечките прописи само еден натурализиран играч има право да настапи за одредена репрезентација.

“Макфакс“