Шпанските прволигаши и второлигаши на државата на име неплатен данок и должат 752 милиони евра, додека вкупниот долг на клубовите од Примера за минатата сезона изнесува 3,53 милијарди евра.

Реал Мадрид, кој е лидер во првенството, должи вкупно 589 милиони евра, додека долгот на актуелниот шпански, европски и светски првак, Барселона, изнесува 578 милиони евра.

Според долговите на третото место се наоѓа Атлетико Мадрид, кој има долг од 514 милиони евра, додека четврта е Валенсија со долг од 382 милиони евра.

Шпанскиот секретар за спорт, Мигуел Карденал, изјави дека клубовите нема да имаат некој посебен третман околу плаќањето на заостанатите даноци, но и дека е невозможно да се очекува дека сите сметки ќе бидат наплатени до јуни.


Рокот за исплата е 30. јуни, а Карденал истакна дека Министерството за спорт размислува решението да биде изнајдено во разумен временски период.

И покрај лошата економска ситуација, клубовите од Шпанија сезонава доминираат во европските купови. Реал Мадрид и Барселона се во полуфиналето на Лигата на шампиони, додека три екипи: Атлетико Мадрид, Валенсија и Атлетик Билбао се во полуфиналето на Лига Европа.

“макфакс“
Ohridnews