Селекцијата на Шпанија триумфираше на Европското првенство во кошарка совладувајќи ја Литванија во финалето со 80-63 (19-8, 22-25, 19-10, 20-20).
„Црвената фурија“ во големото финале доминираше од почетокот на мечот и сосема заслужено ја освои третата титула од Европските првенства.
Одново, лидер на шпанците беше Пау Гасол (25 поени, 12 скока), но овој пат честитките одат за тимската игра во одбрана која не им дозволи на литванците да се размавнат.
Третата позиција на Евробаскетот им припадна на французите кои беа подобри од српските кошаркари 81-68 во мечот за бронзениот медал.
Мх.П.













