Менаџерот на изборниот штаб на Џо Бајден изјави дека верува оти демократскиот кандидат е на пат да победи на изборите и тврди дека тој веќе победил во Висконсин.
Тој рече дека Бајден ќе има над 270 изборни гласови до крајот на денот, колку што е потребно за да победи, но и дека ако сега се запре со пребројувањето на гласови (како што бараат републиканците) тој победува.
Според штабот на Бајден, тој ќе победи во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија поубедливо од републиканскиот кандидат и сегашен претседател во 2016 година.
Според изборниот штаб, се исто така рече дека очекува дека Бајден ќе има мнозинство гласови и во Невада.
Според него, броењето на резултатите во Мичиген и Џорџија се очекува да заврши денеска, а во Невада и Мичиген до утре (по локално време).
Се додава дека на гласовите од Северна Каролина може да се чека уште неколку дена

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.
По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.
Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно се’ сфатија буквално и историски -, напиша Трамп.
Набрзо по првиот тој објави уште еден твит.
Како е можно секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување? – додаде американскиот претседател.
Изборниот штаб на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп денеска соопшти дека по законски пат ќе се обидат да обезбедат пребројување на легалните гласови и дека очекуваат да победат, додека гласањето во клучните земји продолжува.
OhridNews











