Фудбалската федерација на Норвешка, побарала од УЕФА, да покрене истрага, поради сомнеж дека натпреварот помеѓу Алесунд и Тирана во Лига Европа бил наместен.

Од норвешката Федерација, соопштија дека од страна на државната лотарија добиле информација, дека при резултат 2:0 за Алесунд, престанале да примаат облози, бидејќи од азиските држави во тој момент започнал да пристигнува голем број на уплати за конечен резултат 5:0, што на крајот и се случи.

Во норвешкиот фудбал, неодамна, се случи афера со местење на резултати во понискиот ранг на натпреварување, а полицијата сеуште ја спроведува истрагата во врска со тој случај.

“макфакс“
Ohridnews