Ракометарите на Вардар во полн ритам ги одработуваат подготовките за настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој на 3 и 4 јуни ќе се одржи во Келн.

Вардар со пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на Шампионите оствари историски успех, но „црвено-црните“ немаат намера тука да застанат.

Во таборот на Вардар се сигурни дека можат да ја елиминираат Барселона во полуфиналето, кое на програмата е в сабота, од 18 часот.

Клучен играч на Вардар може да биде искусниот голман Арпад Штербик, кој трипати ја освојувал Лигата на шампионите (2006, 2008, 2009). Штербик го има рецептот како да се победат Каталонците.

– Па ако јас одбранам 20, и секој погоди по три, сигурно ќе добиеме. Оваа Барселона не е таа во која бев јас. Има доста нови играчи, но Барселона покажа најдобра форма преку цела сезона. Загубија многу малку натпревари, и затоа се фаворити. – изјавил Штербик за клупската интернет страница.

OhridNews