Чуварот на мрежата Арпад Штербик дефинитивно после завршување на сезонава ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во унгарскиот шампион Веспрем.

Информацијата ја потврди Веспрем на својата официјална интернет страница промовирајќи го Штербик за нов член. Клубот и голманот пуштија рака на две години, што веројатно ќе бидат последни за него во ракометот.

Штербик не е новајлија во Веспрем, откако голот на клубот го чуваше од 2001 до 2004 година. Со екипата освои шест титули по три првенството и Купот, а претрпе пораз во финалето во ЛШ.

„Арпад Велики“ од Вардар ќе замине како најдобар голман, бидејќи неговите одбрани му помогнаа на македонскиот клуб да го достигне врвот освојувајќи ја титулата во ЛШ.

OhridNews