Шпанскиот стручњак Раул Гонзалез Гутиерез и чуварот на мрежата на Варда,р Арпад Штербик се најдоа во идеалниот тим во Лигата на Шампиони.
Во гласањето на тренерите од екипите кои се дел од ЛШ голманот на Вардар предност доби пред Перез де Варгас од Барселона, а Шпанецот на клупата од „црвено црните“ во трката бил подобар од Љубомир Врањеш, кој го водеше Флензбург, додека сега е дел од тимот на Веспрем.
Токму салата на унгарскиот шампион е прогласена за најпеколна, односно во неа има најдобра атмосфера, додека домот на „вардарци“ Јане Сандански е рангиран на третата позиција.
Покрај Штербик во идеалниот тим се наоѓаат ракометари од светски калибар Уве Генсхајмер, Микел Хансен, Никола Карабатиќ, Лесно Наџи, Лук Абало и Јулен Агинагалде.
OhridNews