Предлог-одлуката за усвојување на елаборатот за проценка на штети од поплавите поради обилни врнежи и од дејство на внатрешни води, ќе се најде пред советниците на седницата закажана во вторник, 30-ти октомври.
На дневен ред на седницата се 64 точки. Меѓу нив, е и расправата околу буџетскиот календар, давањето согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, предлог-одлуката за преземање на водоводот од МЗ Долно Лакочереј и отстапување на МЈП „Проаква“- Струга, како и предлогот за измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2018-2020 г.












