Штипјаните Т.Д.(45), Д.Р.(38), Д.З.(24) и Д.К.(19) заработија кривични пријави за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

На 12 и 13 декември, пријавените, откако претходно извршиле набавка на 1.000 фалсификувани верски календарчиња, истите ги препродавале по куќи и станови во Охрид за износ од по 50 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 5.000 денари, информираше МВР.


Д
вајца Охриѓани злоупотребиле туѓи пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанката С.К.(27), вработена во jaвна здравствена организација Болница – Охрид за сторено кривично дело „послужување во службата“ и против охриѓанецот З.Ј.(43) за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Првоосомничената, во период од август до септември 2009 година, наплатените парични средства од пациенти во износ од 75.460  денари наместо да ги уплати во благајната на болницата ги присвоила за себе.

Второосомничениот пак во текот на септември 2009 година, откако при згодна прилика одзел картичка сопственост на Љ.П. од Охрид, и во 11 наврати од банкомат  подигнал вкупно 60.000 денари и противправно ги присвоил за себе, соопшти МВР.

Ohridnews
Извор: МВР