– Не им дозволувавме на граѓаните да изградат бања, да ги променат прозорците и ги остававме да живеат во објекти од 19 век, затоа што Законот така бараше и сега одеднаш во Уранија правиме лифт. –изјави проф. д-р Коста Балабанов, еден од членовите на Комисијата која ги пишувала препораките за заштита на Охрид од УНЕСКО во 1977 година.
Во Уранија, рече тој, имаше и етнолошка поставка, која сега е отстранета. „Пишував книга во која го кажував тој податок и испаѓа дека ги лажеме туристите“, додаде професор Балабанов.
Според него изминатите три децении направени се такви зафати кои сериозно го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО, поради што ќе треба да се преземат соодветни чекори за да се заштити националното ботатство.