Европската куќа на ракометот (ЕХФ) даде зелено светло за натурализација на Ренато Вугринец, кој ќе биде од голема помош за македонската ракометна репрезентација во следните предизвици. Пресудно за прифаќање на понудата од Ракометната федерација било тоа што тука во Македонија има фантастична атмосфера и сите безусловно го сакаат ракометот.
– Во Македонија се осеќам многу добро. Голема е честа, кога во држава каде што си странец ти понуди пасош, да ги препознаат твоите квалитети и да сметаат на тебе дека можеш да и помогниш на репрезентацијата. Селекцијата на Македонија е доста квалитетна ,а има и светла иднина. Целите на репрезентација се високи, а во бараж натпреварите со Грција ќе бидат нешто посебно и се надевам дека ќе бидам од голема помош – рече Вугринец.
Две учества на Олимписки игри се зад името на Вугринец, многу копнее по третата, а во Македонија ја виде таа можност.

Словенецот со македонски пасош прв пат на селекцијата му се придружи во Охрид веднаш по напорните ангажмани во Лигата на Шампиони.

Со 83 погодоци десниот бек на Металург е најдобар стрелец во Лигата на Шампиони, но според него не значи дека головите се секогаш клучни за добра сезона.
– Головите незначат дека ја играш најдобрата сезона во кариерата или пак во последните неколку години. Тимот на Металург игра со голема самодоверба иако пред почетокот клубот минуваше низ турбелентен период бидејќи заминаа играчи кои требаа и не требаа. Се почна со минувањето на Пиг Сегед во квалификациите за Лигата на Шампиони и од тогаш секој ден се зголемуваше самодовербата во екипата – додаде популарниот „Вуги“.
Четвртфиналниот двомеч со германскиот гигант Кил во Лигата на Шампиони ќе биде само шлаг на тортата сезонава која е фантастична за тимот од Автокоманда.
– Повеќе од заслужено се пласиравме во четвртфиналето од Лигата на Шампиони. Нашиот следен противник во 1/4 финалето Кил е само шлаг на тортата оваа сезона во која направивме доста за македонскиот ракомет. Покажвме сезонава дека може да се носиме со сите на домашен терен, а нема ни така лесно да мине и Кил – заврши Вугринец.
Фото : Емилио
Мх.П.












