Навивачите на Манчестер Јунајтед може да здивнат откако најдобриот играч Вејн Руни потпиша нов договор, со кој ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Долго време се шпекулираше за иднината на Руни, но новиот договор англискиот репрезентативец го потпиша во најтешките моменти за клубот, кој се наоѓа на седмата позиција во Премиер лигата и е далеку од одбрана на титулата и пласман во Лигата на Шампиони.
Со ангжаманот на Хуан Мата, новиот договор на Руни и најавеното заминување на Видиќ, Евра и Рио Фердинанд менаџерот на „ѓаволите“ Дејвид Мојс ја започна реконструкцијата на тимот.
Мх.П.











