Со натпреварите од Групата Д се комплетираше првата фаза од групите на Европското првенство. Во четирите групи се одиграа по два натпревари или вкупно осум, а се постигнати 20 голови или по 2.5 по просек.

Најубедлива победа забележа Русија на првиот ден од ЕП над Чешка со 4-1. Хрватска со 3-1 ја совлада Република Ирска додека Германија, Украина и Данска забележаа минимални победи над Португалија, Шведска и Холандија.

Три средби завршиле без победник и трите со идентичен резултат 1-1. На отварањето на ЕП, Полска ремизираше со Грција, Шпанија со голот на Фабрегас осигура бод против Италија додека  Франција и Англија ги поделија бодовите во дербито од Групата Д.

Арбитрите на Европското првенство наложија “мек“ критериум. На осум средби од групната фаза доделија само два црвени картони и тоа двата на мечот Полска – Грција. На тој меч беше досуден и единствениот пенал, кој Карагунис не го реализираше.

Мх.П.